„Заборавените“ полубрат и полусестра на Меган снимаат нов документарец за неа

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Се чини дека дел од фамилијата на војвотката Меган сака да биде во центарот на вниманието. Нејзиниот полубрат, Томас Јуниор(56), полусестрата Саманта(58) и таткото Томас(78) снимаат документарец со невидени снимки од нејзиниот живот. Но, документарецот изобилува со негативни коментари уште во самиот трејлер, а еден од полусестрата Саманта гласи, „сè уште би била келнерка да не беше тато“, пишува ДејлиМејл.

На ова полубратот Томас додава:

– Не заминуваме. Ова ќе промени сè.

Полусестрата Саманта откри дека таткото не сакал да го следа документарецот за Хари и Меган бидејќи бил фокусиран на сопственото здравје, а не на „срамниот проект“ на неговата ќерка и зет, кои не ги запознал.

Полубратот и полусестрата на Меган ги опишале нејзината врска со принцот Хари како „токсична“ и „болна“ и ја обвиниле дека лажела дека немала семејство и дека ги заборавила своите роднини. Документарецот треба да открие зошто фамилијата била против тоа Меган да се омажи со Хари. Тој треба да биде прикажан пред крунисувањето на братот на Хари, Вилијам.

 

 

Саманта беше активна во февруари, кога побара Хари и Меган да бидат испрашани на суд за наводни „лажни и злонамерни“ изјави кои парот ги дал во своето познато интервју кај Опра Винфри од март, 2021 година.

Поконретно, полусестрата сакаше Меган да признае дека лажела за нејзиниот однос со Саманта и нивното растење, а со цел подобро да му ја продаде на светот приказната за „трнливиот пат до ѕвездите“.

- Advertisement -
Ad image

Според Џуди Џемјс пак, професионална толкувачка на говорот на телото, Меган Маркл сакала да има „приврзана“ врска со нејзината сестра. Џуди испитала три фотографии од детството на Меган и Саманта. На едната таа како мало дете е гушната од Саманта, потоа како дете како позира со Саманта и најпосле како тинејџерка заедно со Саманта на нејзиното дипломирање.

Зборувајќи за британски Експерес, Џуди рече:

– Овие слики се чини дека покажуваат влошување на односите на страната на Саманта, а не на страната на Меган.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article