More

    Алесандра Амбросио ужива со богаташот на Ибица

    spot_img

    Бразилскиот модел и поранешен ангел на „Викторијас сикрет“, Алесандра Амбросио (43) привлекува внимание каде и да се појави, особено кога е во прашање нејзиниот љубовен живот. Откако на крајот на минатата година раскина со поранешното момче Ричард Ли, светски познатата убавица сега ужива во нова врска со згодниот бизнисмен од Монако, Александар Смурфит (39), син на ирскиот бизнисмен и мултимилионер Сер Мајкл Смурфит, кој важи за водечка фигура во светската индустрија за пакување чие богатство се проценува на 400 милиони долари.

    Амбросио уживаше во пливањето со Александар на Ибица и ја покажа својата неверојатна фигура во дводелно црвено бикини, кое го украси со серија ѓердани и алки. Нејзиниот нов партнер носеше пругасти гаќи за капење, а исто така покажа и впечатливо мускулесто тело.

     

    Во септември минатата година, извор за „Дејли мејл“ изјави дека Амбросио била на пауза со нејзиниот тогашен партнер Ричард Ли и дека минатото лето не поминувале многу време заедно. „Таа беше со пријателите и децата, а тој работеше, па тие се оддалечија и не излегуваа некое време. Таа секогаш го сакаше, па можеби ќе можат да ги средат работите, но веќе со месеци се разделени,така што е малку веројатно дека тоа ќе се случи“, рече изворот. Последен пат беа фотографирани во средината на јуни 2023 година во Санта Моника, Калифорнија, како заедно играат одбојка на плажа. Во октомври истата година, тие беа видени како заедно шетаат во Њујорк, што предизвика шпекулации дека се повторно заедно, но статусот на нивната врска оттогаш не е познат. Алесандра и Ричард почнаа да се забавуваат во јануари 2021 година, а првпат беа видени заедно на романтична вечера во Лос Анџелес. Нивната романса набрзо се најде во фокусот на јавноста, со оглед на тоа што Алесандра претходно беше во долгогодишна врска со Џејми Мазура, со кој има две деца – Ања и Ноа. Таа се раздели од Мазура во 2018 година по 10 години поминати заедно.

    Амбросио ја започна својата богата кариера во тинејџерските години откако го освои второто место на натпреварот „Елит модел лук“ во Бразил. Таа доживеа меѓународен пробив во доцните 1990-ти кога работеше за престижни модни куќи како што се Ralph Lauren, Christian Dior i Giorgio Armani и често се појавуваше на насловните страници на престижните модни списанија – „Вог“, „Харперс базар, „ЏејКју“, „Ел“, „Гламур“…  Таа стана ангел на „Викторијас сикрет“ во 2004 година и беше едно од најпрепознатливите лица на брендот до 2017 година. Учествувала на многу нивни ревии, а сите ја паметат по „Фентази бра“ вреден 2,5 милиони долари што го носела во 2012 година, што е една од најпрестижните задачи за манекенките кои работат со оваа компанија. Освен во манекенството, Алесандра се испробала и во актерството. Таа се појави во филмови како „Казино ројал“ и серии како „Entourage“ и „How I Met Your Mother“. Исто така, таа имаше улога во филмот „Teenage Mutant Ninja Turtles: Out of the Shadows“.

     

     

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img