Радио Слободна Европа денеска воочила движење на воен конвој на југот на Србија, од правец на Врање кон Ниш, кај местото Предејане, откако Вашингтон и Брисел изразија загриженост поради распоредувањето на српски сили долж границата со Косово.
Предејане се наоѓа на 300 километри јужно од Белград и на околу 100 километри од најблискиот граничен премин меѓу Србија и Косово, Мердаре.
Конвојот со возила на Војската на Србија, како што забележа репортерот на РСЕ, околу пладне се движел од југ кон север.