За ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлива дискриминацијата на Македонија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ако Пендаровски е за референдум, ајде да повикаме заедно соочување со народот. Референдумот е највисока форма на демократијата во едно општество и најдобар начин да се слушне ставот на народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Добро е да се чуе дека Пендаровски е на иста линија со претседателот Мицкоски, и дека размислува да поддржи референдум. Наскоро претседателот Мицкоски ќе излезе со формулацијата и очекуваме Пендаровски да го поддржи и повика на поддршка од сите политички партии. Референдумот мора да им даде право на граѓаните да одлучат дали сакаат вака асимилирани, бугаризирани, под диктат да имаат европска иднина, или пак горди, достоинствени, кога за тоа ќе се создадат услови во блиска иднина да имаме европска иднина“, велат од ВМЕО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ е за европска иднина, но со зачувано достоинство и под исти правила и услови кои важеле за сите до сега, а не Македонија да се дискриминира.

ФОТО: АРХИВА

Share This Article