За секој предлог од ЕУ за Скопје ќе треба да се произнесе бугарското Собрание

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

За прашањето за Северна Македонија мора да одлучуваат само бугарските пратеници, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков пред почетокот на редовна владина седница, додавајќи дека Владата ќе расправа за одлука со која се предвидува за сите предлози од француското претседателство со Европскиот совет или од земја членка на ЕУ за темата со земјава да се расправа на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Бугарија.

– Секој предлог што се разликува од рамковниот став треба веднаш да се испрати до Народното собрание и да не се дава согласност додека се разговара по него. Доколку има негативна одлука, автоматски да се даде негативен одговор – нагласи Петков.

Тој додаде дека предлог одлуката по која ќе расправа на владината седница има две точки, со што во првата се наведува дека „секој предлог на француското претседателство со Европската Унија, земја членка или Европската комисија во врска со одобрувањето за членство на Република Северна Македонија и Република Албанија во Европската Унија и направен во подготовка или одржувањето на состаноците на Комитетот на постојани претставници или на Советот за општи работи, кое отстапува од Рамковната позиција на (бугарскиот) Совет на министри од 2019 година, веднаш да биде испратена од Постојаното претставништво на Република Бугарија во Европската Унија и Комисијата за надворешна политика во Народното собрание“.

Според втората точка, претставниците на Република Бугарија во Комитетот на постојани претставници и во Советот за општи работи не треба да се договорат за предлог од точката 1 до неговата расправа во Народното собрание, а при отфрлањето од страна на Народното собрание да изразат негативен став.

Така, според Петков, ќе се избегнат какви било шпекулации за постапките што ги презема неговата Влада во врска со членство на земјава во ЕУ.

– За ова прашање мора да одлучуваат само и целосно пратениците во Народното собрание. Со тоа треба да заврши оваа дебата. Ова е одлука на Министерскиот совет – категоричен е Петков.

Share This Article