За само две недели биле усмртени дваесетина кучиња скитници во Струмица, тврди здружение за заштита на животни, јави дописникот на Сител.
Кучињата биле отруени на идентичен начин, со расфрлање отров и храна по јавните површини. Од здружението „Енимал лаверс“ се уверени дека станува збор за смислена и организирана акција и бараат надлежните институции да ги откријат и казнат сторителите.
Кучињата се најдени во центарот на градот, а покрај нив имало остатоци на затруената храна, што е опасност и за луѓето, велат од здружението.
Во СВР Струмица одговориле дека кај нив е пријавен само еден случај за пронајдено мртво куче од непозната раса, дека се преземаат мерки за негово расчистување, а други случаи не биле пријавени.