Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец ноември 2024 година изнесува 62.021 денари, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец ноември изнесува 77.396 денари.
Споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година која изнесува 61.249 денари е зголемена за 772 денари.
Според пресметките на синдикатот, вредноста на синдикалната минимална кошничка за 11 месеци се зголемила за 4.858 денари.
– Минималната кошничка која во ноември 2024 година изнесува 62.021 денари споредена со онаа од јануари 2024 година (57.163) е зголемена за 4.858 денари односно за 8,5%. Додека кај храната и пијалаци за ноември изнесува 22.678 денари споредена со јануари 2024 година (21.007 денари) зголемена е за 1.671 денари односно за 7,9% – велат од ССМ..
Оттаму додаваат дека разговараат со Министерството за економија при креирањето на нови мерки, трговците да покажат општествена одговорност или Владата да биде поригорозна во однос на казнувањето.