More

    За пет месеци, израелската армија нападна 4.500 цели на Хезболах, главно во Либан

    spot_img

    За пет месеци, израелската армија нападна 4.500 цели на Хезболах, главно во Либан
    Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека за пет месеци од почетокот на војната во Појасот Газа, нападнала околу 4.500 цели на Хезболах, главно во Либан и во Сирија.

    Според проценката на армијата, убиени се повеќе од 300 оперативци на либанскиот екстремистички Хезболах, меѓу кои пет високи команданти, а 750 се ранети – јавуваат израелските медиуми.

    Во изминатите пет месеци, повеќе од 1.200 цели беа нападнати од воздух и 3.100 од земја – со артилериски и тенковски оган.
    Мета беа магацини со оружје, згради што ги користеше Хезболах за напади, повеќе од 150 набљудувачки пунктови долж границата, 70 командни центри, каде што беа оперативците на проиранските шиитски организации. Нападнати се повеќе од 50 позиции за истрелување ракети и десетици единици кои нападнаа со противтенковски ракети.

    Погодени се и повеќе од 450 локации на елитната единица „Радван“, за која се верува дека има задача да се инфилтрира во Израел.

    ИД оцени дека овие интензивни напади ги намалиле оперативните способности на Хезболах.

    Армијата, исто така, објави дека работи на истиснување на силите на Хезболах од јужен Либан.

    Неодамна, силите на ИД ги интензивираа нападите врз упориштето на Хезболах Балбек, во североисточниот дел на Либан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img