More

    За нов претседател на СНС е избран Милош Вучевиќ

    spot_img

    Милош Вучевиќ, новоизбраниот претседател на Српската напредна партија, рече дека „голема предност е кога ја наследуваш партијата по Вучиќ“.

    – Потешката околност е што не е лесно да се зачува и подобри и да се продолжи понатаму. Верувам дека заедно, како тим, раководството на партијата, ќе бидеме достојни на тој предизвик и свесни за тие обврски – рече тој.

    Вучевиќ рече дека СНС е подготвена да разговара со сите политички актери за сите прашања кои можат да доведат до смирување на тензиите во општеството.

    – Подготвени сме да разговараме со сите политички партии за прашањето за можни предвремени избори, датумот на изборите… Не разговаравме за реконструкција на Владата на Србија, ниту денеска, ниту претходните денови. И тоа не беше темата. Она што го кажав по изборот за претседател на СНС, дека тоа што го кажа Александар е аксиома за СНС – нема привремена Влада на Србија. Владата се формира само врз основа на мнозинството во Собранието, а тоа се добива со поддршка од граѓаните на избирачки места, односно на избори. За тоа нема дискусија и не оставаме ни милиметар простор за некој да замисли дека ќе направи нешто или како да ја преземе власта. Ја преземате власта кога ќе добиете мнозинска поддршка од гласачите – рече тој.

    Вучевиќ посочи и дека ќе може да се консултира со претседателот на Србија за сите политички и други прашања.

    – Тој не поднесе оставка од СНС. Ќе имам предност да се консултирам со таков политичар. Кај нас нема дисконтинуитет, Вучиќ не се разведе од СНС… Денеска го имавме предавањето на палката што за неколку години ќе ја преземе некој друг. Така се прави во демократските партии, продолжуваме заедно, а каков е распоредот во тимот, тоа е прашање за нас. Тимот не го менува грбот или бојата на дресот – рече тој.

    Тој додаде дека српската армија е распоредена на административната граница и дека останува на највисоко ниво на борбена готовност, но дека Србија не брза во конфликти и војни.

    Инаку претходно, претседателот на Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ го предложи Милош Вучевиќ за нов лидер на таа партија.

    Вучиќ на Собранието на СНС што се одржува во Крагуевац изјави дека по друга точка од дневниот ред и формално ќе го предложи Вучевиќ за претседател на партијата.

    – Предлагам да го избереме Милош Вучевиќ за претседател на СНС, а тој, се разбира, ќе се консултира со сите нас за да донесе одлуки за идното раководство и претседателството – рече Вучиќ обраќајќи им се на присутните делегати.

    Српскиот претседател нагласи дека никогаш нема да ја напушти СНС, но дека е време да се повлече од нејзиното раководство..

    – Премногу ја сакам оваа партија. Оваа партија, заедно со моите деца, е мојот живот. Нема да ја напуштам оваа партија додека сум жив – изјави Вучиќ.

    Тој додаде дека смета оти е потребен „малку поинаков пристап“, обединување на поголем број сили на оние кои сакаат да се изборат за победа на родољубива и успешна Србија, мислејќи на формирањето на Народно движење за државата, чие основање го најави претходно.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img