Заспивањето на бебето може да биде предизвикувачка задача, а родителите се обидуваат на различни начини да го пронајдат оној кој најдобро функционира за нивното бебе. Овде, првенствено зборуваме за заспивање на бебиња на возраст под три месеци. Имено, толку малите бебиња сѐ уште ги паметат звуците кои ги слушале во утробата и тие сѐ уште им се најдобар начин да се смират и да заспијат.
Како да го прилагодиме бебето на околностите кои воопшто не се слични на оние во утробата на мајката? Покрај тоа што го нишате, го повивате со памучно ќебе, има уште еден трик кој е сѐ попопуларен меѓу родителите. Новороденчињата едноставно обожаваат звуци како што се оние на фен или правосмукалка.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Unsplash