За месец ќе заврши дискриминацијата на Јанкулоска и затвореничките

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Верувам дека за еден месец ќе имаме соодветно решение за проблемот со дискриминација на жените затворенички во Затворот „Идризово“, најави министерот за правда Кренар Лога, по констатацијата дека Гордана Јанкулоска како осуденичка е дискриминирана во затворот „Идризово“ во Скопје каде издржува затворска казна од 4 години.

Лога, на брифинг со медиуми, рече дека Затворот „Идризово“ останува „црна точка“ за повеќе прашања, не само за проблемот со условите на затвореничките.

– Формирана е работна група. Ќе треба да имаме и измени на правилникот, за да може да ги користат сите поволности кои им следуваат со закон, изјави Лога.

Прашан за колку точно време ќе биде надминат овој проблем, Лога рече дека како и за сите работи и за оваа, инсистира првата недела да ги добие информациите, втората да има некакви ставови на хартија и за месец дена да има некакво решение.

Во однос на тунелот кој беше откриен во дворот на затворот, Лога рече институциите се благовремено известени и дека МВР и ЈО ќе излезат со повеќе детали.

Share This Article