More

    За македонски пасош со лажни податоци плаќале по 30.000 евра – се одмотува клопчето за аферата „Двојник“

    spot_img

    „Во Македонија постои еден човек кој е познат по прекарот Роко и кој во име на Министерството за внатрешни работи продава или посредува за добивање македонски пасош“.

    Ова денеска во Специјалниот суд во Белград го кажа сведокот Срѓан Лалиќ на сведочењето во судскиот процес што се води против Веља Невоља и Кавачкиот клан.
    Тој открива дека дотичниот Роко наплаќал по 30.000 евра за пасош.

    – Во една куќа во Земун однесов пари за превоз во Турција, еднаш му однесов 30.000 евра за пасош за Марко Божиќ. Лицето кое било контакт за пасоши за Македонија е лице со прекар Роко. Напоменав дека групата се занимавала со дистрибуција на дрога, обезбедување – изјавил Лалиќ пред Специјалниот суд во Белград.

    Аферата „Двојник“ во земјава ја обелодени опозициската ВМРО-ДПМНЕ која објави податоци дека од МВР биле изработени и доделени над 200 патни исправи со лажни податоци, главно за мафијаши од регионот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img