More

    За Фон Дер Лајен борба за слобода, според Песков пуч?

    spot_img

    Десет години се навршуваат од 21 ноември 2013 година кога народот во Украина се дигна на големите тримесечни протести против одлуката на тогашниот проруски претседател да не го потпише договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Украина, иако договорот беше одобрено со големо мнозинство во парламентот.

    Во тримесечните протести против Виктор Јанукович загинаа 120 лица, а речиси 3.000 беа повредени. Во 2014 година Јанукович беше разрешен и го напушти Киев со неговите министри во владата откако не издржа предложената влада на национално единство. Во март 2014 година Русија го анектираше Крим.

    Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, Евромајданот е насилен пуч, кој не бил тајна.

    – Ние го нарекуваме Мајдан, но всушност тоа беше државен удар, насилен државен удар кој беше спонзориран од странство. Мораме да ги нарекуваме работите со нивното вистинско име – изјави Песков денеска коментирајќи ја 10-годишнината од настанот.

    Според првата жена на Европската Комисија, пак, Урсула фон дер Лајен, станува збор за изминати 10 години на достоинство, гордост и стремеж за слобода.

    „Дури и тогаш Европа да не го сфатеше тоа, целиот народ излезе на улица и зборуваше во еден глас. Рековте: Украина ѝ припаѓа на Европа. И нашата иднина ни припаѓа нам. И затоа народот на Украина се обвитка во европски знамиња, пркосејќи им на снајперистите и на полицијата“, наведе Фон дер Лајен во пораката.

    Според неа, со протестите на Евромајдан, Украинците решија да бидат господари на сопствената иднина, па затоа и беа нападнати од рускиот претседател Владимир Путин.

    „Со окупацијата на Крим, со дестабилизацијата на Донбас, а потоа во 2022 година и со целосна агресија врз вашата земја, војната на Русија против слободата на Украина трае десет долги години. Не само за жителите на Крим и Донбас, туку и за толку многу Украинци“, додаде претседателката на Еврокомисијата.

    Актуелниот претседател на Украина Володимир Зеленски неодамна изјави дека е запознаен со можната операција „Мајдан 3“ и дека е можно Москва овој пат да не планира атентат врз него, туку потенцијално да употреби други методи.

    Тој тврди и дека против него пет до шест пати досега бил планиран атентат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img