За Ескобар сме Северномакедонци

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

САД ќе ги поддржуваaт Северна Македонија и Албанија во нивните напори за реформи со цел процесот на евроинтеграција, што тие го започнаа, да се движи брзо, изјави денеска Габриел Ескобар, заменик-помошникот на државниот секретар на САД, задолжен за Европа и Евроазија, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

На денешниот брифинг посветен на ситуацијата во Западен Балкан, одговарајќи на новинарски прашања Ескобар укажа дека Северна Македонија е голем билатерален партнер и извонреден сојузник во НАТО. 

Тој повторно ја истакна пораката од Стратешкиот дијалог, кој САД го имаа со Северна Македонија во јуни во Вашингтон.

– Нашата позиција од искуството со Северна Македонија е дека таа е одличен партнер, лојален пријател и силен поддржувач на трансатлантската заедница. Северна Македонија заслужено го започна движењето во нивниот процес кон Европа. Тие направија тешки реформи и продолжуваат да прават тешки реформи –  изјави тој. 

Укажа дека за САД, прашањето за јазикот и културниот идентитет на Северна Македонија не е прашање, и ја повика земјата да продолжи со конструктивниот дијалог со соседите и да се движи што побргу во процесот за пристапување. 

– САД остануваат силен партнер во охрабрување и поддршка на Северна Македонија во тој процес. И конечно, земјата сигурно ќе биде успешна во тој процес – рече Ескобар.

Тој на брифингот говорејќи за историската, културната и економската припадност на Македонците, ја употреби придавката „Северномакедонци“.

– Северномакедонците се Европејци, тие историски се Европејци, културолошки се Европејци и економски Северна Македонија е дел од Европа и е важен и ќе биде важен учесник во делот на транспортот ИТ секторот, па се до енергетскиот сектор – рече Ескобар.

Share This Article