За Ескобар кабинетот на Ковачевски „има капацитет“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Северна Македонија ги направи сите неопходни реформи за да ја отвори првата врата кон ЕУ, а Владата има капацитет да го направи тоа што треба за земјата да стане полноправна членка на Унијата, изјави Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан.

На настан посветен на евроатлантската иднина на регионот одржан синоќа во Атлантскиот совет во Вашингтон, тој изјави дека македонската Влада е добар партнер во спроведувањето на агендата за евроинтеграција на Северна Македонија

– Тие се добар и посветен партнер и ќе обезбедат придобивки и за ЕУ – рече тој.

Според него, процесот на пристапување треба да биде побрз, потенцирајќи ги внатрешните грижи во Унијата.

– Има гласачи кои навистина се грижат што би направило проширувањето за нив. И мислам дека тоа е работа за сите нас да ги убедиме дека Европската Унија ќе биде посилна и ќе биде попросперитетна со овие земји, рече Ескобар, алудирајќи на Северна Македонија и Албанија.

Ескобар рече дека кризата во Украина само ја покажала зголемената итност за решевање на проблемите во регионот, како оние меѓу Србија и Косово, како и потребата да се забарзаат процесите што ќе го придвижат регионот во вистинската насока.

Тој исто така потсети дека САД ќе воведат дополнителни чекори за да ги санкционираат корумпираните официјални лица од Балканот, и да се тргнат од одговорните позиции.

– Апсолутно. Тоа е важна алатка. Ефективна е. Мислам, не само што беше ефективно да се санкционираат поединци, туку ако погледнете дел од наративот што Министерството за финансии (на САД) го објавува заедно со одлуката, ќе ја видите длабочината на корупцијата, рече Ескобар.

Тој го нагласи примерот со Босна и Херцеговина, каде политичари активно координирале и соработувале со организирани криминални групи.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article