More

    За да се намалат катастрофалните емисии на азот, властите во Холандија пропишуваат радикално намалување на сточниот фонд, што ги наведе земјоделците на неколкунеделни протести

    spot_img

    За да се намалат катастрофалните емисии на азот, властите во Холандија пропишуваат радикално намалување на сточниот фонд, што ги наведе земјоделците на неколкунеделни протести, додека за денеска е најавена масовна блокада на пристапот до амстердамскиот аеродром Шипхол и аеродромите во Ајндховен и во Мастрихт, јави Бета.

    Полицијата најави дека со сите средства ќе ги разбие блокадите, а војската е на готовност. Министерката за одбрана Касја Олонгрен изјави дека „нема да толерира трактори околу Шипхол“, пренесе Дојче веле.

    За време на претходните протести, земјоделци блокираа автопати и улици. Пред владини згради во Хаг имаше и трактори и крави, беа палени бали сено, а пред домови на политичари се прскаше ѓубриво.

    Во вторникот лути демонстранти стигнаа пред станот на Kристијане ван дер Вал, министерка надлежна само за темата „природата и нитратите“.

    Функцијата е воведена минатата година со цел да се реши прашањето за премногу азотни соединенија што ја трујат природата. Од нив, 70 отсто потекнуваат токму од сточарството, а Владата единственото решение го виде во радикално намалување на сточниот фонд.

    – Знам какви огромни последици има за фармерите. Тоа е ужасно. Но, немаме избор. Природата не може да чека – изјави Ван дер Вал, претставувајќи го планот во Парламентот во средината на јуни.

    Земјата спаѓа во земјоделски колоси, каде во јужните делови бројот на свињи по квадратен километар е најголем во светот. Само САД извезуваат повеќе земјоделски производи од Холандија, гледано по вредност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img