За  автопатот Скопје – Блаце претстои тендер за избор на изведувач на втората делница

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

За  автопатот Скопје – Блаце претстои тендер за избор на изведувач на втората делница, а ресорниот министер Благој Бочварски очекува активности на терен наредната година доколку биде успешна тендерската постапка. Се работи на првиот дел од автопатот, а за постојниот пат Скопје-Блаце е избран изведувач за обнова поради лошата состојба.

-Во однос на автопатот Блаце јас веќе информирав дека првата делница веќе се гради, за втората делница веќе привршуваат првите постапки и очекуваме во текот на наредниот период да се распише тендерската постапка. Таму сумата на проектантската вредност е некаде над 190 милиони евра. Тоа е голема сериозна инвестиција на доста тежок терен и очекувам дека во текот на наредната година, доколку биде успешна постапката за избор на изведувач, веќе ќе имаме активности и на втората делница, а ќе очекуваме и завршување на првата делница со што тие над 12 километри до Обиколница Скопје ќе влезат во комплетна реорганизација на теренот. Веќе имаме избрано изведувач и за рехабилитација на постоечкиот пат Скопје – Блаце којшто е во една полоша состојба – изјави Бочварски за време на посетата на Пробиштип.

Целта на активностите, како што посочи, е патната инфраструктура да се доведе до ниво какво што заслужуваат граѓаните.

-Оние чекори коишто биле изгубени во минатото денеска ние еве чекор по чекор и во најголемата криза ги враќаме. И не само со овој патен правец, туку и со патниот правец на Коридорот 10Д од Градско кон Дреново – Фариш, Фаришката Клисура, Плетвар и сите останати патни правци со цел да се подобри сликата на инфраструктурата – рече Бочварски.

Тој соопшти дека за втората делница од експресниот пат Штип-Кочани денеска е завршена постапката за експропријација која што  одзела доста време.

– Овој експресен пат е со над 92 проценти прогрес на работите и нашите очекувања се дека во декември ќе можеме да го пушптиме во сообраќај под времен режим, таму се вршат сите градежни работи, тоа го гледаат граѓаните –  изјави Бочварски.

Share This Article