Продолжува растот на дознаките на иселениците, кои, им ги испратиле на своите роднини во Албанија, во периодот јануари-септември, соопшти Централна банка на Албанија.
Според платниот биланс на банката, за девет месеци дознаките изнесуваат 592 милиони евра, што е раст од 10 отсто во однос на истиот период минатата година.
Во третиот квартал, иселениците испратиле 216 милиони евра, што е за 8,5 отсто поголем износ во однос на истиот период пред една година.
Италија и Грција водат како земји од кои доаѓа најголем прилив на средства, поради големиот број албански граѓани кои живеат и работат во овие земји, а потоа следат Велика Британија, Германија, Швајцарија и САД.
Во Албанија, секое четврто семејство добива приходи од свои блиски кои се во странство, што се покажува како единствен извор на егзистенција за огромното мнозинство од нив. Со овој приход живеат над 220 илјади семејства, во отсуство на друг извор.
Минатата година дознаките достигнаа вредност од 761 милион евра, што беше највисоко ниво од 2009 година.