Констатирани се 31 сообраќаен прекршок, а едно возило било упатено на вонреден технички преглед вчера при акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Контролата е направена во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.
„Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас“, повикуваат од МВР.