More

    За 1 Мај, наутро, нѐ очекува убаво и сончево време, но некаде во попладневните часови нѐ очекуваат врнежи кои ќе бидат локални и со не толку голем интензитет

    spot_img

    Снегот во април нѐ изненади, а после него имавме можност да уживаме во вистински пролетно време. Велигденскиот викенд го обележаа променливи временски услови. Со оглед на тоа што многумина планираат да го прослават Први мај на отворено, со скара и пијачки, веќе се прашуваат дали времето ќе биде добро.

    Според дежурниот синоптичар во Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до крајот на месецов времето ќе биде променливо, сонце и облачност ќе има наизменично, а на места можен е и дожд.

    – За самиот празник, в понеделник наутро, според сегашните податоци, нѐ очекува убаво и сончево време, но некаде во попладневните часови нѐ очекуваат врнежи кои ќе бидат локални и со не толку голем интензитет. Слична ситуација ќе биде и пред празникот, во сабота. Постабилно време ќе има во недела за кога не се очекуваат врнежи од дожд – ни одговори дежурниот синоптичар.

    Тој вели дека температурите за овој продолжен викенд ќе бидат малку пониски за овој период од годината во споредба со претходните години. Дневната просечна температура на територијата на целата земја ќе се движи од 17 до 23 степени.

    Метеопрогнозерот Славчо Попоски за Плусинфо вели дека според сегашните прогнози времето не би требало да ѝ попречи на скарата и на уживањето во природа.

    – За првомајските празници барем отсега гледано нѐ очекува постабилно време со пролетни температури, меѓутоа во попладневните часови очекуваме локална и краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилување на ветрот во зона на нестабилност – вели Попоски за Плусинфо.

    Тој додава дека прогнозата не е премногу загрижувачка и дека ќе можеме да уживаме во претстојниот продолжен викенд, но да не ја заборавиме „традицијата на природата“ за Први мај, дека дождот сепак е можен.

    фото: Flickr.com

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img