Со новата функција, повеќе не треба да се грижите за повикување од преполна просторија. Можете да го убедите соговорникот дека сте на плажа со избирање на позадина.
Со новата функција, повеќе не треба да се грижите за повикување од преполна просторија. Можете да го убедите соговорникот дека сте на плажа со избирање на позадина.
Оваа недела, на својот блог, WhatsApp го објави претстојното лансирање на нова функција која може особено да ги задоволи оние кои многу користат видео повици.
Отсега ќе може да се избира и позадина и филтри на оваа апликација за време на видео повик. Така ќе можете да изберете плажа, канцеларија во кафуле или која било друга позадина што ќе биде достапна во изборот. Исто така, ќе можете да користите филтри за да ја одредите нијансата на бојата на позадината и да додадете „допир на уметност“ на неа, велат од компанијата.
Со промена на позадината, корисниците ќе можат да ја задржат приватноста на просторијата во која се наоѓаат и да се преселат во пријатно кафуле или убаво уредена дневна соба. Корисниците на онлајн виртуелните простории за разговор веќе знаат слични функции од Zoom или апликацијата Meets на Google. Ќе има 10 филтри и 10 позадини што можете да ги комбинирате.
Кога точно новата опција ќе им биде достапна на корисниците, не кажаа, само напишаа дека ќе биде достапна во следните недели.