Вулканот Семеру во индонезиската провинција Источна Јава почна да исфрла пепел.
Сигит Ријан Алфијан, службеник во станицата за мониторинг на вулканот Семеру, изјави дека вулканот, кој денеска имаше 16 ерупции, почна да исфрла голема количина врела пепел во околината, особено на североисток.
Како што рече, секоја експлозија траела меѓу 81 и 110 секунди.
Властите ги предупредија жителите на регионот да внимаваат на активности во Семеру.
Во ерупцијата на вулканот Семеру што се случи во 2021 година, загинаа 34 луѓе.
Во опасниот вулкански појас на „Пацифичкиот огнен прстен“, Индонезија има околу 130 активни вулкани.