Вулканот на Хаваите повторно еруптираше
Вулканот Килауеа на Хаваите повторно почна да исфрла вулкански гасови во четвртокот, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).
Откако беше забележан сјај и смог на врвот на вулканот, кој е ограничен на националниот парк вулкани на Хаваи, нивото на предупредување за вулканот беше подигнато на „црвено“.
Повисоко ниво на предупредување беше објавено по проценката на јачината на ерупцијата и потенцијалните опасности кои произлегуваат од ерупцијата, наведува Ројтерс.
УСГС соопшти дека вулканскиот гас, кој се состои од сулфур диоксид и други гасови, може да произведе видлива вулканска магла позната како „вог“ – мешавина од вулкански гас и пепел што е потенцијално опасна по здравјето на луѓето, особено оние со респираторни проблеми. Вог, освен што е опасен по здравјето на луѓето, може да предизвика и штети на земјоделските култури.
Килауеа еруптира често од 2021 година. Последната, не толку голема ерупција, трае веќе неколку месеци.
Тоа е помладиот и поактивен сосед на вулканот Мауна Лоа, кој еруптираше во ноември за прв пат од 1984 година.