Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија еруптираше синоќа и исфрли големи количини пепел, чад и лава

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија еруптираше синоќа и исфрли големи количини пепел, чад и лава, јави агенцијата Анса.

Објавени се и снимки кои покажуваат големи облаци од пареа, пепел и лава кои избиваат од кратерот на најактивниот вулкан во Европа.

Во информацијата на агенцијата се вели дека аеродромот во најблискиот голем град Катанија останува отворен и покрај вулканската активност, иако вулканските ерупции често го затвораат блискиот воздушен простор.

Вулканот Етна има богата историја на ерупции уште од 1500 година п.н.е. Последен пат, во 2021 година, по серија ерупции вистината на планината се зголеми за околу 30 метри.

Деновиве се забележуваат интензивни активности, ерупции и потреси на вулканите на островска земја Исланд.

Share This Article