Најмалку 800 луѓе во провинцијата Северен Сулавеси на северот на Индонезија се евакуирани по повеќекратните ерупции на вулканот Руанг, кој исфрла лава и облаци од пепел во последните неколку дена, беше објавено од Индонезискиот центар за вулканологија и ублажување на геолошки ризик (ПВМБГ).
Од утрово се регистрирани повеќе од три ерупции на вулканот кој се наоѓа на островот Руанг, на околу 100 километри од главниот град на провинцијата Манада.
Официјалниот претставник на PVMBG, Херунингтјас Деси Пурнамасари, рече дека ерупцијата на Руанг предизвика неодамнешни земјотреси на островот и дека опасни и експлозивни облаци излегуваат од кратерот со висина до 1,8 километри.
„На островот е прогласена евакуација бидејќи се очекуваат дополнителни ерупции. Не е дозволена никаква активност на оддалеченост до четири километри од кратерот“, рече Пурнамасари.
На островот Руанг живеат околу 838 луѓе и повеќето од нив се евакуирани на најблискиот остров Тагуланданг.