Српскиот претседател Александар Вучиќ имал краток разговор и со украинскиот претседател Володимир Зеленски при својата посета на Молдавија во очи на настаните на северот на Косово. Вучиќ за српските медиуми рече дека не може да открие повеќе за што муабетеле, освен дека тоа било поврзано со територијалниот интегритете на Србија и на Украина, пренесува Б92.
Тој вели дека е логично да му подаде рака на човекот кој исто така не го признава Косово, мислејќи на Зеленски, односно на Украина.
– Замислете, сега скокнаа дека сум разговарал со Зеленски. Па што ако не се сретнам со човек кој не ги признава Косово и Метохија. Сите сакаат Србија да се однесува екстремистички, без да ги признае нејзините интереси. Ако сум единствениот за да ги бранам нашите интереси, јас ќе бидам единствениот што ќе го направи тоа. Зарем не треба да му подадам рака на човек кој не го признава Косово? Нема да го сторам тоа – изјави Вучиќ.
– Имавме фер разговор, но одлуката за санкции ја носат граѓаните на Србија, преку нивното раководство, а нашата одлука ја донесовме во март 2022 година и го дадовме нашиот став. И никогаш не можете да го промените вашиот став со еден разговор. Србија има своја политика, Србија е независна земја и Србија ги почитува своите интереси – додаде српскиот претседател.
Вучиќ беше прашан дали Зеленски се противи на принципиелната политика на Србија во однос на воведувањето санкции против Русија.
– Секогаш го поставувате прашањето како да треба некому да се оправдаме. Зошто затоа што ја водиме нашата политика во интерес на нашата земја? Ќе продолжиме да го правиме тоа – рече Вучиќ.
Вучиќ неодамна се сретна и со францускиот претседател Емануел Макрон, со германскиот канцелар Олаф Шолц, со Марк Руте и преставници од други земји.
Вучиќ рече дека сакал да разговара и со претседателката на Косово Вјоса Османи, но дека таа одбила.
– Сакаме разговори, јас сакав да разговарам со Вјоса Османи, но таа одби. Што има лошо во дијалогот, компромисот? Не сме изненадени од тоа. Се работи за стабилноста и иднината на цела Европа, не само на нашиот регион – изјави Вучиќ.
Вучиќ праша дали во историјата на изборите во светот имало легитимно и демократско, а излезноста била 3 отсто.
– Потоа предизвикаа тензии, и инсистираат да се спроведат овие лажни избори. Сите инсистираат на тоа, не само ние. Срамота е за европската демократија, не само за нас туку за сите. Сите разбраа што се случува – рече Вучиќ.