More

    Вучиќ во свој стил одговори на провокациите од хрватскиот министер за надворешни работи

    spot_img

    Српското Министерство за надворешни работи упати протестна нота до хрватската амбасада во Белград во врска со, како што е соопштено, неприфатливата изјава на хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ-Радман.

    Во протестната нота се наведува дека „Министерството за надворешни работи на Република Србија сака да укаже на целосната недозволивост на изјавите на министерот за надворешни работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ-Радман, дадени на 24 февруари 2024 година на телевизијата Дневник N1 во Загреб, насочена против претседателот на Република Србија Александар, Вучиќ и Република Србија во целина“.

    Се додава дека Министерството укажува дека горенаведените изјави претставуваат натамошно продолжување на градењето атмосфера на омраза кон Србија и српскиот народ и ја поткопуваат заедничката политика за промовирање мир и стабилност во регионот.

    Министерството очекува во наредниот период високите функционери на Хрватска да се воздржат од изјави кои претставуваат мешање во внатрешните работи на Србија и да водат политика на помирување и добрососедски односи меѓу двете држави, пишува во протестната нота.

    Изјавата на хрватскиот шеф на дипломатија Гордан Грлиќ Радман дека „Вучиќ може да биде трабант и сателит на Русија, но нема да се дозволи влијание на Русите или други малигни влијанија кои би ја нарушиле стабилноста на Западен Балкан“ предизвика реакција кај државниот врв на Србија.

    На изјавата реагираше и српскиот претседател Александар Вучиќ кој синоќа истакна дека „хрватскиот министер за надворешни работи не само што се меша во внатрешните работи на Србија, туку и го навредува српскиот народ и им се заканува на граѓаните на Србија“.

    „Хрватскиот министер не само што брутално се меша во внатрешните работи на Србија, туку како и обично го лаже и навредува српскиот народ и им се заканува на граѓаните на Србија. За едно е во право Грлиќ-Радман, можеби сум нечиј трабант, можеби и вартбург, можеби дури и фиќо, но никогаш не сум бил ничиј потрчко и слуга, што не може да се каже за Грлиќ-Радман. Да не одам премногу далеку во минатото, ќе биде премногу болно“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img