More

    Вучиќ вели дека Пендаровски како Европеец си ги бира зборовите, а тој е за балканскиот простор

    spot_img

    Претседателот Александар Вучиќ во манастирот Свети Прохор Пчински, по средбата со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, рече дека денеска се потврдени исклучителните односи што постојат меѓу двете земји.

    – Бев воодушевен кога утрово видов луѓе овде кои зборуваат македонски јазик. Ние одлично го разбираме македонскиот јазик, исто како и вие српскиот. Немам проблем да кажам дека сме пријатели, дека имаме братски односи, верувам дека овие односите ќе продолжат да се развиваат. Нашата трговска размена е 1,5 милијарди годишно – рече српскиот претседател.

    фото: Фејсбук/Александар Вучиќ

    Тој се пошегува и рече дека претседателот на Пендаровски, како вистински европски претседател, си ги избира зборовите.

    – Не сум за тоа, јас сум за балканскиот простор и не знам како да ги измерам ситниците. Ние Србите ги сакаме Македонците. Сакам да ви го честитам празникот, како и на сите Македонци. Сакам да ви го честитам празникот Свети Илија, а на сите Македонци и Илинден и да се чувствувате секогаш добредојдени, каде било на територијата на Србија. Знам дека ја чувствувате како своја земја, како што и ние ве чувствуваме како браќа – додаде Вучиќ.

    Претседателот Пендаровски во своето обраќање му се заблагодари на претседателот Вучиќ за неговото лично залагање, Македонија повторно да може да го чествува Илинден токму во манастирот Прохор Пчински каде се одржало заседанието на АСНОМ.

    – Благодарност до претседателот Вучиќ што овозможи Македонија може повторно да го слави својот најголем државен празник, таму каде што е формира современата македонска држава во овој манастир кој сега се наоѓа на српска територија, но претходно бил во една иста државна творба – рече Пендаровски.

    Претседателот посочи дека тоа што манастирот сега се наоѓа на туѓа територија не значи дека Македонците не треба да доаѓаат и да го празнуваат најголемиот државен празник, а со тоа да им оддадат почит на оние кои го направиле тој државотворен чин.

    – Кога на друго место ве пречекува токму претседателот на државата за чин кој е од многу големо значење за вас, за вашиот народ, за вашата држава, тоа покажува каква чест ние ја добиваме од Република Србија. Драго ми е што овој настан се потврдува, се надевам дека традицијата ќе продолжи со векови – рече Пендаровски.

    При влез во манастирот Прохор Пчински кој се наоѓа во општина Бујановац, македонскиот претседател Стево Пендаровски не ја бакна раката на отецот, па тука веднаш со коментар се јави српскиот претседател Александар Вучиќ.

    – Пендаровски е човек со европски сфаќања, тој не бакнува рака, јас сум од нашите – прокоментира Вучиќ додека сето тоа се емитуваше во живо на српската новинска агенција Танјуг.

    На ова одговор имаше и македонскиот претседател:

    – Пола сум Балканец – додаде Пендаровски.

    Прохор Пчински — манастир од духовно и историско значење, кој денес се наоѓа во општина Бујановац, Република Србија.

    По завршувањето на обраќањето пред медиумите двајцата претседатели, Пендаровски и Вучиќ заминаа во Врање каде на што повторно ќе разговараат за заедничките односи меѓи двете држави.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img