Српскиот претседател Александар Вучиќ откри дали ќе присуствува на разговорите во Брисел. Тој одговараше на новинарски прашања по седницата на Владата на Србија и Унгарија во Палиќ.
– Разговарав со (унгарскиот премиер) Виктор (Орбан) за сѐ што се случуваше околу Косово. Одев на разговори 11 години, присуствував на сите разговори… Секогаш сакавме да постигнеме компромиси за да го зачуваме мирот. Успеавме во тоа и напредувавме побрзо. .. Верувавме дека сето ова е можно додека не дојде Курти на власт, кој никогаш не сакаше да зборува… Никогаш не сакаше да слуша… Да ви кажам, не спијам навечер, никому не кажав какви закани се упатени до Србија доколку уапсените Албанци не бидат ослободени… – рече Вучиќ и изјави дека овие закани ги презел на себе, бидејќи страдаат Србите на Косово и Метохија, пренесува Б92.
Тој откри дека нема да оди во Брисел. Потоа рече дека уапсените Срби не скршиле никаков закон.
– Србите се апсат секој ден, затоа што се криви што се живи! Во одговорите добиваме бирократски одговори кои не сакаат и не знаат како да ги објаснат, кажуваат кој член, став и слично. Што навистина направиле тие (уапсени) луѓе, ништо не направиле – рече Вучиќ.
Вучиќ изјави и дека Орбан му рекол дека има голем притисок врз Србија, а дека потоа му се заблагодарил за секој совет, барање и за вниманието што ѝ го посветува на Србија.
– Нема да разговарам со Курти додека не биде ослободен секој уапсен Србин и додека нивните градоначалници не се повлечат од општините. Знаете, Курти има поважни работи да направи во Ватикан, да побара признавање на независноста на Косово – рече претседателот на Србија.
– Што да прават Србите, кога ништо не прават? – додаде тој.
Претседателот на Србија изјави дека само Србите биле малтретирани.
– Ниту еден Албанец не беше застрелан, само Србите. Тие беа уапсени, тепани и малтретирани. Знаете дека нема истрага за човекот кој пукаше во Драган Гаљак. Дека пукаа во две наши деца на ден пред Божиќ? Едното дете има 11 години – рече Вучиќ.
Тој изјави и дека не е точно дека уапсените Албанци биле лошо третирани.
– Таму јадат грозје, колачи, пијат кока-кола и ништо не им фали. Виктор (Орбан) рече дека едвај чекаат да ја изедначат позицијата на Белград и Приштина… – подвлече Вучиќ.