Од сабајле ги гледам цените на нафтата луѓе, почна лудилото“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ зборувајќи за движењето на пазарот на капитал.
Тој ги коментираше цените на нафтата по одлуката на ОПЕК + за замрзнување на испораките на нафта.
„Претпоставувам затоа што Саудиска Арабија не можеше да се договори со Америка. Прашање е колку цел свет, вклучително и нас, ќе ја плати таа цена“, рече Вучиќ при обиколката на реконструираниот пат Нови Пазар – Туин.
Според него, во вакви времиња важно е да се најде решение со заеднички напори.