More

    Вучиќ: Со барањето за членство во Советот на Европа, Приштина го прекрши договорот од Вашингтон

    spot_img

    Српскиот претседател Александар Вучиќ по отворањето на автомобилскиот саем во Белград изјави дека косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала-Шварц „пред пет минути“ официјално поднела барање за членство на Косово во Советот на Европа, со што го „раскина“ договорот од Вашингтон.

    Вучиќ најави дека во петок во 11 часот ќе се одржи седница на Советот за национална безбедност.

    Владата на Косово одржа електронска седница на која ја одобри иницијативата за членство во Советот на Европа.

    „Советот на Европа е најстарата меѓувладина организација во Европа, чија главна цел е да обезбеди соработка и единство меѓу своите членки на полето на човековите права, демократијата и владеењето на правото“, се вели во соопштението на косовската влада.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img