More

    Вучиќ си нарачува прашање од истакната српска новинарка

    spot_img

    Јутјуб каналот „Еколошко востание“ вчера објави аудио-снимка од 2017 година на која се слуша како српскиот претседател Александар Вучиќ на новинарка ѝ нарачува прашање за ситуацијата во Македонија.

    „Ќе ме прашаш како ја коментирам ситуацијата во Македонија“ – ѝ вели Вучиќ на новинарката Бранка Ѓукиќ, поранешна директорка на Танјуг.

    Таа беспоговорно го поставува прашањето, онака како што се бара од неа, но потоа следи молк.

    По извесно време Вучиќ ѝ дава ново „проширено“ прашање: „Како ја коментирате ситуацијата во Македонија и која е вашата порака за граѓаните на Македонија“.

    По ова, новинарката се вклучува повторно и го поставува новинарското прашање онака како што ѝ е нарачано, на што Вучиќ „спремно“ одговара.

    Новинарката Бранка Ѓукиќ подоцна стана советничка во кабинетот на претседателот на Република Србија.

    Според изјавите на Вучиќ, нарачката се случува во момент на заладени односи меѓу Македонија и Србија, кога по т.н. „Крвав четврток“, во македонската јавност се појавија обвинувања и шпекулации за улогата на Србија, односно нејзини дипломати и разузнавачи, во настаните во македонското Собрание.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img