More

    Вучиќ се подготвува да го дочека Си Џинпинг

    spot_img

    Српскиот претседател Александар Вучиќ пред посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Белград на 7 и 8 мај изјави дека Кина е најдобриот партнер на Србија во остварувањето на државните цели, јави дописникот на МИА од Белград.

    Вучиќ за кинеската CCTV изјави дека Србија е целосно посветена на посетата на Си и верува дека таа ќе донесе корист и ќе биде во интерес и на кинескиот и на српскиот народ.

    – Има една важна работа. Договорот за слободна трговија што го потпишавме во Пекинг. Тоа е многу важен договор за нас. Затоа што сега постигнавме вкупна трговска размена од 6,1 милијарди долари меѓу нашите две земји. Верувам дека тоа ќе го удвоиме или ќе биде за три пати повеќе во следните 10 години или дури и повеќе од тоа – рече Вучиќ.

    Кога станува збор за односот кон Тајван, Вучиќ истакна дека Србија силно го поддржува принципот на една Кина.

    – Кина отсекогаш била на страната на меѓународното јавно право и секогаш не поддржувала, како што ние секогаш ја поддржувавме Кина. Тајван е Кина. И точка – рече претседателот на Србија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img