More

    Вучиќ разочаран од новите вести

    spot_img

    Амбасадорот Хил го информираше претседателот на Србија Александар Вучиќ за американската одлука да го прифати барањето на Приштина за набавка на противтенковски ракети Џавелин. Како што изјави Хил, Стејт департментот ќе го испрати барањето на Приштина до Конгресот на САД, кои ја започнуваат официјалната процедура, пишува Б92.

    Вучиќ рече дека оваа информација е големо разочарување за Србија, но дека Белград заедно со САД ќе работи на зачувување на српско-американските односи.
    – За нас е од најголема важност да не се нарушува мирот во регионот и Србија да продолжи да се однесува одговорно и да придонесува за стабилноста на Балканот – рече претседателот Вучиќ.

    Тој посочи дека е неопходно нашата земја да продолжи да работи на зајакнување не само на патната инфраструктура, туку и на енергетиката и најави дека наскоро се очекува да се потпишат значајни договори меѓу Србија и САД за развој на инфраструктурата.

    Добрите односи меѓу Србија и САД влијаеле и на создавање соодветен терен за проширување на економската соработка меѓу двете земји, заклучија соговорниците на денешната средба во кабинетот на Вучиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img