Вучиќ побарал од Макрон да поразговара со властите во Приштина

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска телефонски разговараше со претседателот на Република Франција, Емануел Макрон, и „го замолил да вложи дополнителни напори за Косово да се вразуми“, јави дописникот на МИА од Белград.

„Како и секогаш, отворен и сериозен разговор со претседателот Макрон, кому му ги презентирав последиците од опасниот развој на ситуацијата на Косово и Метохија. Сега веќе нескриеното насилство насочено против Србите на Косово и Метохија сè појасно ја отстранува секоја можност за цивилизиран разговор и пристап кон решавање на отворените прашања“, објави Вучиќ на Инстаграм профилот.

Како што додаде, Србија останува посветена на дијалогот и зачувувањето на мирот, „иако српската заедница на Косово и Метохија е единствената етничка група во Европа која е изложена на постојано насилство“.

„Побарав од претседателот Макрон да вложи дополнителни напори за приштинската страна да се вразуми и што поскоро да се врати во рамката на конкретни разговори, како и да престане да ги прави бесмислени сите напори насочени кон деескалација на ситуацијата“, посочи српскиот претседател.

Тој додаде и дека му се заблагодарил на Макрон за неговата подготвеност да го сослуша Белград, како и за неговата решеност да вложи дополнителни напори за решавање на исклучително сложената и пред сè опасна ситуација на Косово.

Share This Article