Вучиќ одговори на заканата од Харадинај

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Српскиот претседател Александар Вучиќ му одговори на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај кој кажа дека Белград ќе биде бомбардиран ако само еден српски војник влезе на Косово.

– Кој тоа ќе го бомбардира Белград? Можеби лично Харадинај? Сега сериозно. Немам коментар на бесмислици и на глупости. По тоа се гледа што сакаат тие. Србија ќе ги зачува мирот и стабилноста, а тоа за нас е најважно. Нашата сила е и нашата војска, а таа ќе биде сѐ посилна и посилна – истакна Вучиќ.

Инаку, Харадинај направи аналогија на војната на Косово со војната во Украина.

Тој вели дека Русија има влијание на делови од Балканот, но дека руско влијание нема во неговата земја. Тој опасност гледа од спрската интервенција на северот од Косово, за што смета дека би било во интерес на Русија.

– Кога тоа би се случило, целиот свет би знаел дека (Александар) Вучиќ тоа го прави за Русија. А ако нема можност да се најде решение за Русија, тогаш Западот е прилично добар за изнаоѓање на решение за Србија, како што тоа веќе го направи во 1999 година – изјави тој.

За политиката на српскиот претседател Александар Вучиќ, Харадинај смета дека е потполно под руско влијание.

– Знам дека Американците нема да дозволат на Косово да влезе ниту еден српски војник. Знам дека Белград ќе биде бомбардиран доколку тоа се случи. Србија знае дека Косово е под безбедносна одговорност на САД и на Велика Британија – изјави Харадинај.

Share This Article