Денешните разговори со косовскиот премиер Албин Курти ќе бидат многу тешки, затоа што речиси во ништо не сме согласни со Приштина.
Ова го кажа српскиот претседател Александар Вучиќ непосредно пред дијалогот со Курти кој ќе се води со посредство на Европската Унија.
– Мирот и стабилноста се од клучна важност. Очекувам тешки разговори со Курти, оти за ништо не сме согласни. Имаме своја историја, која не е лесна, која не е едноставна. Но сакаме да ја зајакнеме понатамошната соработка и да избегнеме секаква можност за ескалација или судири – кажа Вучиќ.
Од друга страна, Столтенберг порача дека НАТО ќе ги зголеми воените сили на Косово ако дојде до ескалација на тензиите со Србија.
– Сега имаме значајна мисија, воено присуство на Косово од речиси 4.000 војници. Ако биде потребно, ќе преместиме сили, ќе ги распоредиме таму каде што е потребно и ќе го зголемиме нашето присуство. Веќе го засиливме присуството на северот. Спремни сме да направиме повеќе – кажа Столтенберг.