More

    Вучиќ: „Нема да ме прекинат, ќе ја говорам вистината“

    spot_img

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека попладнево ќе зборува повеќе од предвидените 15 минути пред Генералното собрание на ОН, а она што ќе го каже, според него фактите и вистината, нема да им се допане на многунмина.

    Тој рече и дека принципите на меѓународното јавно право и Косово и Метохија ќе бидат главни теми на говорот,  пренесува Б92.

    – Како некој кој долго време се занимава со оваа работа и ветеран, сакам да оставам трага со тој говор и да ги замолам граѓаните да го слушаат. Тоа ќе биде во пет по српско време – изјави Вучиќ за новинарите во Њујорк во средата, на седницата на Генералното собрание на ОН.

    Тој посочи и дека при изборот на факти и вистина од една страна и дали тоа некому ќе му се допадне, го избира второто. Рече дека можеби ќе зборува подолго од предвидените 15 минути и дека нема да дозволи да биде прекинат.

    – Не сум сигурен дека тоа ќе му се допадне на некој, поради општото лицемерие во светот. Сите се повикуваат на принципите кои постојат. Ако ги усвојувате, применувајте ги во секоја ситуација, а не само кога ви одговара, биејќи, ако го правите тоа, тогаш то веќе не се начела ниту принципи, тогаш ги користите според сопствените потреби – рече Вучиќ.

    Тој прашува како се крши Повелбата на ОН и резолуцијата 1244 ако се земе фактот дека територијалниот интегритет е највисок принцип во меѓународното право.

    – Тука нема принципи. Бараме и овде да важи она што се почитува во Украина, а тоа е територијалниот интегритет на Србија – рече Вучиќ и истакна дека само за Србија се спротивни принципи.

    Тој додаде дека ги анализирал говорите на државниците на Генералното собрание на ОН, како што е американскиот претседател Џозеф Бајден, кој, како што рече, имал многу добар говор, со кој би се согласил доколку нема друга практика кога е Србија во прашање.

    – Кога сме виновни, кажете „криви сте“, но кога не сме, не кажувајте дека сме. Немам проблем со тоа колку текстови или прилози некој ќе плати да се објават против мене. Тоа е единствената борба од која тие не можат да излезат како победници. Борбата ќе биде долга, не лесна, но сигурен сум дека слободарскиот свет ќе победи – рече Вучиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img