Српскиот претседател Александар Вучиќ во петокот и се обрати на локалната јавност.
Вучиќ во своето обраќање до јавноста, меѓу другото најави и зголемување на пензиите. Тој рече дека пензионерите наскоро ќе можат да добијат пензионерски картички кои ќе им овозможат различни поволности, пренесува Danas.rs.
По тој повод, тој рече дека во октомври и јануари веројатно ќе се забележат „најголемото зголемување на пензиите во историјата на Србија, над 55 отсто“, имајќи ги предвид претходните зголемувања.
„Само би ги замолил пензионерите да ги добијат пензионерските картички, има многу попусти, многу ќе им значи со сите поскапувања. Правиме многу за да им обезбедиме попусти во разни продавници“, рече Вучиќ.
Вучиќ потсети и дека наскоро ќе започне и аплицирањето за помош на мајки во износ од 10.000 динари (85,30 евра), кое ќе трае до 20 септември.
Тој изрази и очекување дека во 2023 година просечната плата во Србија ќе биде повисока од 820 евра.