Вучиќ ја коментира одлуката на Приштина пред изборите на 3 април

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Приштина не прифати договор со кој Србите на Косово би можеле да гласаат на изборите во Србија на 3 април, а според српскиот претседател Александар Вучиќ, токму затоа „Србија одбила да го признае Косово – за Србите да можат да гласаат“. Вака ѝ се обрати Вучиќ вечерва на српската јавност, по консултации со рускиот, кинескиот и амбасадорот на Квинта.

– Прифативме безброј компромиси, безброј бесмислени работи на кои тие инсистираа само за да дозволат луѓето да можат да гласаат за кого сакаат. Приштина инсистира само Србија да ја признае независноста на Косово, Србија тоа не можеше и нема да го прифати, без разлика на цената, бидејќи ниту еден глас и ничија власт не е толку важна колку што ни е важна државата. Затоа не се согласивме со тоа – изјави Вучиќ.

Како што кажа, биле разгледувани и опциите Србите од Косово и Метохија да гласаат на најблиските избирачки места во централна Србија и најави дека најголем број косовски Срби ќе организираат протести поради ваквата одлука на Приштина.

– Ги замолив Србите од Косово на трпение, кои едногласно побараа веднаш да ги напуштат сите институции и 435 полицајци на северот да ја напуштат регионалната полиција, уште еднаш да размислат за да сите заедно да реагираме – кажа Вучиќ.

Советот за национална безбедност разговараше денеска и за сите аспекти на украинската криза со надеж дека Србија може да ги ублажи последиците, кажа Вучиќ и додаде дека е договорено Белград да купи дополнителни количества нафта и млеко во прав за резервите.

Share This Article