Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изрази сочувство до граѓаните на Сирија во врска со последиците од земјотресот во кој во таа земја загинаа над 4.300 луѓе, а над 7.600 беа повредени.
Вучиќ се потпиша во Книгата на жалост во сириската амбасада, објави тој на Инстаграм.
„Република Србија и нејзините граѓани ја споделуваат болката со граѓаните на Сирија кои ги загубија своите најблиски во оваа огромна трагедија, со надеж дека преживеаните ќе најдат сила за нов почеток“, напиша претседателот на Србија.
Службеникот на амбасадата на Сирија во Србија Хабаш Хабаш утринава за N1 изјави дека е упатен итен повик до граѓаните на Србија да и помогнат на Сирија.
„Катастрофа ја снајде Сирија. Им благодариме на граѓаните на Србија бидејќи одговорот за помош вроди со плод. Секојдневно доаѓаат во Амбасадата и носат помош. Најпрво ни е најпотребна финансиска помош, бидејќи Амбасадата им ја пренесува на оние на кои им е најпотребна на крајот од секој работен ден. Граѓаните на Србија секој работен ден од 8 до 15 часот можат да донесат помош во Амбасадата на Сирија, на улица Сердар Јола бр.12“, рече Башаш.