More

    Вучиќ и Сиљановска Давкова се сретнаа во Њујорк

    spot_img

    Претседателот на Србија Александар Вучиќ се сретна со претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова во Њујорк, каде што учествуваат на заседанието на Генералното собрание на ОН, на приемот по повод Самитот за иднината, јави дописникот на МИА од Белград.

    „Секогаш ми е драго што се среќавам со пријатели од регионот. Со Гордана Сиљановска Давкова за натамошните чекори во градењето на што поблиски односи, како и за взаемната поддршка на европскиот пат и предизвиците со кои се соочуваме во тој процес“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм.

    Претседателот Вучиќ денеска ќе се обрати пред учесниците на 79-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, а за време на престојот во Њујорк, Вучиќ до 27 септември ќе има билатерални средби со повеќе од 40 светски лидери.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img