Вучиќ и Курти заедно во Брисел на 27 февруари

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти ќе се сретнат во понеделник на 27 февруари во Брисел како дел од продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина, најави шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

Борел, со поддршка на специјалниот претставник на ЕУ, Морослав Лајчак, ќе има одвоени средби со Вучиќ и Курти, по што, според најавата, ќе имаат заедничка средба.

Се додава дека фокусот на средбата ќе биде европскиот предлог за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Српскиот претседател Алекснадар Вучиќ денеска од Минхен, каде што ќе присуствува на безбедносната конференција, изјави дека „имаме добри вести што ќе им ги соопштиме на граѓаните на Србија, некои денеска, а некои за седум дена, што се однесуваат на Косово и Метохија“.

Share This Article