More

    Вучиќ и Курти го потврдија своето учество на состанок на високо ниво во рамки на дијалогот Белград-Приштина, што ќе се одржи на 18 март во Охрид

    spot_img

    Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти го потврдија своето учество на состанок на високо ниво во рамки на дијалогот Белград-Приштина, што ќе се одржи на 18 март во Охрид, објави Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

    Високиот претставник и специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак ќе одржи одделни средби со лидерите, по што ќе следи заедничка трилатерална средба. На средбата ќе стане збор за финализирање на Анексот за имплементација на Договорот со ЕУ за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

    Средбата во Охрид и европскиот план се тема на дводневната средба на Лајчак со власта и опозицијата во Приштина. Денеска Лајчак се среќава со опозицијата по вчерашната средба со премиерот Албин Курти. Специјалниот претставник изјави дека Белград и Приштина мора да договорат план за спроведување на европскиот предлог за нормализација на односите, за тој да стане правно обврзувачки.

    Лајчак сепак рече дека не очекува во Охрид да биде потпишан договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Тој се надева оти на таа средбата ќе се постигне договор за анексот за имплементација на договорот постигнат во Брисел.

    – Првиот чекор беше да се договориме за предлог, а пред шест месеци немаше да се обложите дека ќе бидеме таму каде што сме сега. Вториот чекор е финализирање, а финализирањето значи да се знае како ќе се спроведе договорот. Не би било сериозно да се тврди дека имаме договор, кога не можеме да одговориме на прашањето како ќе се спроведе договорот. И третиот чекор е официјализирање, како ќе го одобриме и какво ќе биде потпишувањето, кога и каде ќе се случи. Значи, има некои идеи и ќе разговараме за нив, но како што реков, тоа е третиот чекор. Не очекувам церемонија на потпишување во Охрид, бидејќи има многу страни кои го поддржуваат овој процес и сметаме дека би било во ред тие да бидат дел од тој чин – рече Лајчак во интервју за АТВ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img