Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им го честита Денот на војската на Србија на министерот за одбрана Небојша Стефановиќ, началникот на Генералштабот, генерал Милан Мојсиловиќ и на сите припадници на Армијата на Србија.
Како што соопштија од кабинетот на претседателот, тој во честитката истакнал дека припадниците на армијата секојдневно покажуваат професионалност, одлучност и посветеност на редовните обврски.
„Дека сте високо обучени и подготвени да одговорите во секое време на предизвиците, ризиците и заканите за безбедноста на нашата земја и нејзините граѓани најдобро можеше да се види на заедничките тактички вежби одржани во текот на претходната година, вклучително и „Огнен штит 2022“. каде огнената моќ на нашите единици беше покажана во полн сјај“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека српската армија отсекогаш, без разлика на околностите, со помош на расположливите капацитети била „цврста поддршка на државата“, а она што и давало сила се посветеноста, честа и високиот морал на нејзините припадници.
„Многу ми е драго што српската армија денес е многу посилна и може да се пофали со многу подобра опрема, правите големи чекори на патот на понатамошен напредок, а државата е тука да даде се од себе за заеднички да успееме во најважната задача – зачувување на суверенитетот, стабилноста и мирот за нашата земја и за сите нејзини граѓани“, изјави претседателот на државата.