Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска рече дека српската воздухопловна одбрана би го срушила за 5 минути беспилотното летало кое падна до студентски дом во близина на Загреб, Хрватска.
Тој повтори дека Србија не треба да биде дел од НАТО и дека треба да го чува сопственото небо.
– Се надевам и добив уверување од военото раководство дека би ни требале пет минути да го собориме авионот и дека нема да ни се случи како во Загреб, бидејќи денес имаме нешто. Имаме војска, за разлика од пред 15 години. т.е. имаме промена и горд сум на тоа – рече Вучиќ.
Дронот прелетал над Романија и над Унгарија, па се урна во главниот град на Хрватска, а сѐ уште не се знае кој го испратил авионот за кој се утврди дека носел бомба од советско производство тешка до 120 килограми.