Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ денеска зборува од Палатата Србија. Тој најави дека планот за развој на Србија е целосно променет и дека отсега сѐ се мери до 2027 година.
– Во таа програма она за што зборувавме се викаше бајка. Сега е јасно дека сме на добар пат и покрај проблемите, инфлацијата почна да опаѓа и оди во добра насока, освен платите и пензиите ќе успееме да се погрижиме да растат, предвидовме многу проекти на изградбата на училишта, градинки, болници и патишта. Денеска се појавивме пред вас затоа што сега се работи за речиси изменет план, од денеска мериме сѐ до 2027 година. Ќе ви презентирам нови планови – рече претседателот, пренесе српски Курир.
Вучиќ најави и ултра модерен стадион во 2027
– Ќе ви презентирам неколку неверојатни планови, тие планови треба да почнеме да ги реализираме уште утре. Ќе ни требаат многу волонтери, за да работи цела Србија. Нема да можете да го препознаете Белград, тој ќе биде еден од најубавите градови во светот – не само во Европа – рече српскиот претседател.