More

    Вучевиќ ја коментира идејата за безбедносна зона долж границата

    spot_img

    Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска во Ниш изјави дека на косовскиот премиер Албин Курти „му се привидува српска војска на границата“ и дека Србија ја почитува резолуцијата 1244 усвоена во 1999 година. Коментирајќи го фактот што КФОР го одби барањето на Курти да се врати копнената и воздушна безбедносна зона долж границата меѓу централна Србија и Косово, Вучевиќ изјави:

    – Војската на Србија секојдневно е во контакт со командата на КФОР, дури имаме и заеднички патроли. На Албин Курти постојано му се привидуваат активности на Војската на Србија, со што се обидува дополнително да ја подигне тензијата и од страна да го прикрие она што го прави, што доведува до огорченост. Војската на Србија ги извршува своите редовни задачи. Нема дополнителни активности, ништо не подготвуваме, не правиме ништо што може да доведе до влошување на состојбата на терен. Напротив, многу сме мирни и трпеливи, страдаме повеќе од кој било, затоа што сакаме да го зачуваме мирот. А што ќе подготви Курти, ќе видиме утре.

    Изминатите денови Курти го презентираше барањето обвинувајќи ги властите во Белград дека во последните две години дури четири пати ја донеле армијата близу границата.

    Во одговорот на КФОР до приштинските медиуми се наведува дека копнената и воздушната безбедносна зона била целосно релаксирана во 2015 година, дека КФОР постапува согласно резолуцијата 1244, дека нема простор за промени и дека внимателно се следи ситуацијата на терен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img