More

    Стотици луѓе починаа во јужен Пакистан под влијание на многу високи температури, кои не стивнуваат со денови

    spot_img

    Стотици луѓе починаа во јужен Пакистан под влијание на многу високи температури, кои не стивнуваат со денови, соопштија властите.

    Во текот на претходните шест дена амбулантни возила собраа 568 тела во Карачи, а само во вторникот 141. Вообичаено е мртовечниците да примаат од 30 до 40 тела во еден ден.

    Зголемувањето на бројот на смртни случаи следеше кога температурата во Карачи се искачи над 40 степени, со висока влажност. Според извештаите, максималната измерена температура достигна и до 49 степени.

    – Граѓанската болница во Карачи прими 267 лица со топлотен удар од неделата до средата. Повеќето од луѓето кои дојдоа во болница беа во 60-тите или 70-тите години, а имаше и помлади од 45 години, па дури и неколку во своите дваесетти – изјави д-р Имран Сарвар Шеик, шеф на одделот за итни случаи.

    Симптомите на топлотен удар вклучуваат повраќање, дијареа и висока температура.

    – Многу од луѓето што ги примивме работеле на отворено. Им рековме да пијат многу вода и да носат лесна облека на овие високи температури – додаде докторот.

    Високата температура, опишана од еден метеоролог како „делумен топлотен бран“, го зафати Пакистан минатиот викенд. Отворени се центри и кампови каде граѓаните можат да се освежат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img