More

    Второто полугодие ќе започне на 18 јануари

    spot_img

    Второто полугодие за сите ученици ќе почне на 18 јануари, согласно календарот на Бирото за развој на образованието, додека на 30 декември ќе заврши првото полугодие од учебната 2022/23 година според која во текот на наставната година во јавните средни училишта во завршната година на образованието се остваруваат најмалку 166 наставни денови, а за сите останати години на образование се остваруваат најмалку 180 наставни денови.

    Според календарот за настава од министерството за образование зимскиот одмор започнува на 31 декември 2022 година и завршува на 17 јануари 2023 година.

    Второто полугодие како што веќе споменавме започнува на 18 јануари 2023 година и завршува на 9 јуни 2023 година за учениците во основните училишта.

    Исто така второто полугодие за учениците во средните училишта завршува на 9 јуни 2023 година, освен за учениците од завршната година од гимназиско образование, стручно образование со четиригодишно и тригодишно траење на образованието, уметничко образование и средно стручно образование за ученици со посебни образовни потреби за кои редовната настава завршува на 18 мај 2023 година, по што ќе следи полагањето на завршната матура.

    Иако пред учениците е зимскиот одмор, летниот одмор започнува на 10 јуни 2023 година и завршува на 31 август 2023 година.

    Поради зголемениот број на дојави за бомби во средните и основните училишта, учениците пропуштија дел од наставната програма, па поради тоа од МОН уште претходно апелираа до директорите да најдат соодветно решение како да се надополнат испуштените часови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img